Почина пејачката Арета Френклин на 76 годишна возраст во 9.50 часот во Детроит.
Таа ги освојуваше топ листите во доцните 60-ти и почетокот на 70-тите години со синглови кои имаа моќ и емоционална длабочина.
Френклин боледуваше од рак на панкреасот, а и беше подложена на операција во декември 2010 година.
Статус на ѕвезда имаше уште како дете откако започна да пее.
Родена е на 25 март 1942 година во Мемфис, САД. Таа е ќерка е на баптистички свештеник.
Врв на кариерата и бил кон крајот на 60-те години на 20 век.
фото CNN