Актуелно // Insta вести
Почина ден пред нејзиниот роденден: Анета Љумаковска скршена од болка за смртта на татко ѝ – „Ќе продолжам да пеам, а ти ќе ме гледаш и ќе ме слушаш од таму горе некаде кај ангелите“
Почина таткото на познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска. На социјалната мрежа Инстаграм, објави заедничка фотографија со него и му посвети емотивни зборови.
„Уживаше секогаш кога ти пеев. Јас ќе продолжам да пеам, а ти ќе ме гледаш и ќе ме слушаш од таму горе некаде кај ангелите. Секогаш беше моја гордост. Почивај во мир тато”, напиша таа на „Инстаграм“.
Тажната вест ја потврди и мајката на Анета, Лилјана Љумаковска.
„Зошто ме остави? Како
јас ќе живеам без тебе? Денес ме напушти мојот животен сопатник со кој
поминавме 47 години заедно во добро и во лошо”, напиша таа на „Фејсбук“.
Инаку пејачката денес слави јубилеен 40-ти роденден.
Фото: Инстаграм/ФејсбукРЖМ