Почина познатиот хуморист Војче Китановски: Колегите и пријателите се збогуваат со него

Војче Китановски, човекот кој не забавуваше со децении, познатиот хуморист, сатиричар и имитатор почина денес на 68 години. Колегите и пријателите се збогуваат со него на социјалните мрежи, а која е причината за смртта, се уште не е познато. 

Војче имаше 5 децениска кариера позади себе. Роден е во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод, за него, најубавото место во светот, како што многупати знаеше да спомене.

 Кариерата ја почна за време на студентските денови, а често знаеше да каже дека тој е првиот стендап комичар на поранешните Ју простори.

Фото:youtube