Почина шкотскиот актер Шон Конери: Легендарниот Џејмс Бонд не напушти на 90 години
Почина шкотскиот актер Шон Конери: Легендарниот Џејмс Бонд почина на 90 години
Сер Шон Конери, легендарниот актер кој го глумеше првиот Џејмс Бонд, почина на 90 години.
Сер Шон Конери, легендарниот актер кој го отелотворуваше првиот Џејмс Бонд, почина на 90-години, пренесува Би-Би-Си. Веста за неговата смрт ја објави семејството на актерот, а неговиот син рече дека Конери починал во сон во неговиот дом на Бахамите.
Актерот е роден во 1930 година во Единбург, а стана најпознат по улогата на Џејмс Бонд, тајниот агент 007. Во неговата повеќедецениска кариера, тој има освоено бројни награди, вклучувајќи Оскар, два Златни Глобуси и две награди Бафта.
Конери е познат и по улогите во филмовите „Човекот што сакаше да биде крал“ (1975), „Името на розата“ (1986), „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“ (1989) и „Лов на црвениот октомври“ (1990).
Откако го напуштил училиштето на 14-годишна возраст, Конери работел како млекар, а потоа се посветил на боди-билдинг. Титулата Мистер Универзум го донела на филмското платно и на телевизија.