Почна да фрла сè низ собата, кршеше од бес: Бурната врска на Неда Украден и разделба поради љубомора - Почина сам во станот

Добивај вести на Viber

Пејачката Неда Украден имаше еден брак, но и многу додворувачи и бурни врски

Неда Украден во текот на целата нејзина кариера важеше за голема заводничка и фатална дама. Сопругот Милан Билбија го запозна многу млада, по 10 години љубов се венчаа, ја добија ќерката Јелена и поминаа три години во брак, но останаа во добри односи до неговата смрт во 2013-та година.

„Сите мои љубовни врски почнаа идилично, но завршија лошо. Секогаш недостасуваше трпение или доверба. Иако имаше љубов, секогаш нешто недостасува... Го запознав мојот покоен сопруг Милан Билбија на снимањето на шоуто „Na ti“, кој тој го режираше. Имав 19 години и бев студент на Филозофскиот факултет во Сараево, а нашата средба во редакцијата на ТВ Сараево беше судбоносна и љубов на прв поглед. Нашата врска траеше десет години и заврши со брак , кој пукна после три години. Милан прво го поддржуваше моето пеење, но подоцна не можеше да се справи со мојот успех и беше многу љубоморен. За среќа, ја добивме ќерката Јелена, која ја разгаливме. По разводот Милан се прежени, но по тешко боледување во 2013-та година почина во неговата кафана во Лепетани“, ја започна својата исповед пејачката за „Хит Информер“.

По разводот, нејзиниот љубовен живот го одбележа врската со докторот Момо Јаковљевиќ, но и романсата со Американец кој сакаше да ја однесе до олтарот.

„Се заљубив во Белград, а тоа беше взаемно со Момо Јаковљевиќ. Бевме речиси на иста возраст со пропаднати бракови зад нас. Тој беше успешен лекар, а пред тоа се занимаваше и со манекенство. Не сакав да се откажам од пеењето, но не можев да се потпрам само на неговата плата, па раскинавме. Меѓутоа, 30 години подоцна, како лекар, ѝ помогна на Јелена да ја носи третата бременост и да роди здраво момче, мојот внук! Имав и момче се викаше Џорџ од Америка...Раскинав со него поради преголема љубомора. При расправија во хотелската соба почна да прави хаос и да фрла сè, од лутина го скрши далечинското на телевизорот. Тогаш помислив дека е добро што не се омажив за него. Слушнав дека умрел од срце пред неколку години сам во неговиот стан на Флорида“, откри Неда.

Извор: lepaisrecna.mondo.rs

*Неда Украден сака момче на свои години: Не сака да му биде мајка, ова се сите критериуми што ги има