Погледнете како изгледа милионската вила на Харис Џиновиќ: Џина Џиновиќ ги отвори вратите од луксузниот дом (ФОТО)
Популарниот
пејач Харис Џиновиќ, неодамна со семејството се всели новата вила. Овој дом
Џиновиќ го градеше од 2017 година, а како што пренесуваа медиумите, тој во неа вложил
околу 2 милиони евра за неа.
Ќерката на пејачот, Џина Џиновиќ која е многу активна на социјалните мрежи, особено на својот Инстаграм профил, неодамна објави фотографии кои привлекоа големо внимание во јавноста. Имено, Џина позираше во луксузната дневна соба на семејната вила која е направена од мермер. Во центарот на просторијата има голем, импозантен камин, кој е главниот дел од ентериерот. Покрај тоа, контрастот на црниот и белиот мермер, кристалните лустери и стаклената ограда на скалите дополнително го разубавуваат овој простор.
Сепак, изградбата на овој „замок“ не помина без проблеми. Џиновиќ постојано менуваше планови и уриваше веќе изградени ѕидови, за се да се вклопи во неговата визија за идеален дом. Тој јавно проговори и за неговите барања и промени во текот на изградбата, нагласувајќи дека сака неговиот тој да изгледа токму онака како што замислил.
- Продолжувам да менувам. Јас не сум архитект, не сум ниту градежен инженер. Не читам нацрти или планови. Гледам кога нешто се гради и тогаш реагирам. Им велам: „Урнете го овој ѕид затоа што не ми се допаѓа, дајте ми уште еден, проширете ми ја гаражата за да можам комотно да влезам... Тоа се сосема нормални промени при градба, не ми е јасно зошто би ми било тешко поради тоа. Јас плаќам за тоа и сакам да изгледа како што сакам јас. Од друга страна, архитектот и инженерот го градат и заминуваат, а јас останувам овде. Значи, градам за себе, не за нив - изјави во една прилика Харис Џиновиќ.
Фото:instagram