Погледнете каков шизик бил Петре Прличко: Игор Џамбазов објави фотка од дедо му и мајка му од 1960
Игор Џамбазов не ретко преку социјалните мрежи споделува мигови од минатото притоа сеќавајќи се на неговите родители, но и дедо, познатиот Петре Прличко.
Утринава Џамбазов сподели црно-бела фотографија од својот дедо, легендарниот актер и неговата мајка Анче Џамбазова.
Сликата е стара од 1960 година, а на неа Петре и мајката на шоуменот Игор заедно позираат пред, како што Џамбазов ја нарече „бесната машина“ мислејќи на моторот кој тогаш го поседувал Прличко.
„Дедо и мама на "Прима", пред Македонскиот народен театар, 1960 година. Молам? Шо рековте? Не ве слушам од бесната машина ..“ - напиша Џамбазов во псотот на фотографијата.
„Прекрасна фотографија“, „Фраериште“, „Дефиниција за Господин“ , се само дел од коментарите кои се наредија под сликата.
„Од мајка ми и од дедо ми се трудев да ги запомнам најубавите совети. И мислам дека успеав да ги сочувам до ден денешен. Од нив двајца научив како навистина се сака театарот. Со посветеност и професионализам. Иако секој од нас има свои “жолти минути“, па така за 35 години во театарот нормално е да се случат и некои грешки кои за среќа не влијаеа многу на мојата кариера“, изјави Џамбазов во едно интервју за Женски магазин.
Фото: Фејсбук - Игор Џамбазов/ Youtube - screenshoot / Инстаграм screenshoot