Погледот ти кажува

Погледот ти кажува, со колку и души да ти се собере срцето, тоа пак ти е кај мене,


Погледот ти кажува,
со колку и тела да ти легне телото,
со колку и јазици да ти се испреплете јазикот,
со колку и души да ти се собере срцето,
тоа пак ти е кај мене,
тоа пак ти е кај мене.
Сирото го изнамачи,
мракови помина без да ме види,
копнежи по мене,
ти живеат под кожата,
и солза ти удира на песокта на дното на нечистото срце,
кога посакуваш да сум до тебе,
наместо телото кое не го ни сеќаваш,
а мислиш дека си среќен.
Да ти се плукнам во среќата,
во која длабочини не знаеш да видиш.
Погледот ти кажува
Погледот ти кажува,
со колку и тела да ти легне телото,
со колку и јазици да ти се испреплете јазикот,
со колку и души да ти се собере срцето,
тоа пак ти е кај мене,
тоа пак ти е кај мене

За Женски Магазин, поетот Јован Илиески

Инстаграм: @ilieski_quotes