Појадокот во Хроно- режимот на исхрана
Д-р Ален Делабос е доктор по медицина, хроно нутриционист, директор на Одделот за клинички истражувања IREN'S, на Европскиот институт за исхрана и здравствени истражувања, и врвен експерт кој го разви Хроно - методот на исхрана. Оваа диета била измислена уште во 1986-та година, а неодамна стана многу популарна.
Појадокот во ХРОНО
Појадокот во Хроно режимот на исхрана всушност е најважен и треба да биде најобемниот оброк во денот.
За време на спиењето, телото троши многу калории за да се регенерира и кога се будите, вашите батерии се празни. Тоа значи дека на телото му треба гориво, односно многу енергија за успешно да започне работниот ден.
Ако јадете овошје за појадок и мислите дека тоа е здраво - ќе откриете дека всушност не е така! Слатките и овошјето (дури и мед) е забрането да се јадат за појадок. Шеќерот во утринските часови е забранет заради секреција на инсулин, а внесувањето дополнителен шеќер само ќе го оптоварува панкреасот.
Утрото почнува со прошетка и билен чај, во кој можете да додадете малку ѓумбир. Не е дозволено да се користи мед, ниту други природни или вештачки засладувачи. После тоа треба да се направи здрав Хроно појадок за себе. Ова е најбогатиот оброк во текот на денот. Житарките се забранети за појадок.
Појадокот треба да биде во изобилство и да ви обезбеди енергија за денот што претстои. Не мора да пресметувате калории и не грижете се, бидејќи вашето тело ќе ги регулира сите во текот на денот.
За појадок може да јадете протеини, јаглехидрати и масти. Обидете се да избегнете пченица и пченка. Имате толку голем избор на здрави видови брашно, и секако дека е подобро да ги консумирате нив.
Можете да јадете јајца, сирење, шунка, кисело млеко, путер, леб, пити и некои производи од месо.
Значи, за појадок, можете слободно да се опуштите и да го негувате вашето тело - но никако да не конзумирате слатко во утринските часови!
Прво, изедете го вашиот Хроно појадок, а потоа испијте шолја кафе.
Веќе утре продолжуваме со тоа каков треба да биде ручекот во Хроно исхраната. Следете не и споделете го Вашето искуство.