Полесно да бидеш вработен отколку шеф: Од студентка до директорка

Добивај вести на Viber

Тоа требало да биде само летна работа која ќе ја изработи и ќе се посвети на кариерата на туризмот, но судбината и околностите сакале поинаку.

Марина Блажевиќ, директорката на Одделот за продажба на корпоративните корисници, веќе 12 години работи во А1 Хрватска. На 22 години како студентска започнала да работи на продажба, а со својот труд и успех стигнала до местото директорка. Тој пат и не бил така лесен. Давала 150% од себе, а кличните луѓе нејзиниот труд брзо го препознале.

„Иако планот ми беше сосема поинаков, продажбата многу ја засакав. Ми се допадна тоа што може на некој да помогнам и цело време се трудев да бидам подобра. Брзо напредував и станав асистент на менаџерите на клучните клиенти.“ - раскажува Марика. Бидејќи покажувала одлични резултати многу брзо стигнала до позицијата „key account menager“, а потоа и до позицијата менаџер на тимот во Одделот за продажба на корпоративни корисници.

„Секогаш велам дека не треба да се плашиш да погрешиш. Јас имав можност да грешам и да учам од тоа. Секогаш истакнувам дека до оваа позиција дојдов, покрај се останато, благодарејќи на моите шефови. Од нив учев, тие ме туркаа во непознатото и ме охрабруваа да ги прифаќам предизвиците“ - вели Марина и истакнува дека секогаш треба да се анализираш себе за да сфатиш каде и како грешиш. Свесна е, вели, дека добила шанса.

„Од сегашна перспектива, многу е полесно да бидеш вработен отколку шеф. Кога си надреден, мора да знаеш како секој твој вработен дише, што тој сака“ - истакнува Марина. Додава и дека секогаш сакала да работи со шефови кои даваа отворен feedback, а тоа и самата го забележува во работата со членовите на својот тим. Смета дека на жените денес им е потешко, отколку на мажите, но дека со добра организација може да се избалансира приватниот и деловниот живот.

„Јас, за среќа, имам поддршка од целото семејство па без проблем ги балансирам мајчинските и деловните обврски, а и А1 Хрватска како компанија го овозможуваат тоа на своите вработени, со помош на различни бенефиции, а покрај другото и флексибилни облици на работење и градинка во склоп на кампусот“ - заклучува Марина.


Извор: 24сата.хр

Фото: А1