Полицаец случајно запрел жена, а наскоро сфатил дека инстинктите добро му кажувале

ФОТО:  YouTube

Полицаецот по случаен избор ја запрел жената кога ја забележал како сама оди по патеката и набрзо сфатил дека неговите инстинкти се во право.

Добрите дела не се доживуваат секој ден. Иако некои настани се толку мали што не ни забележувате, секој чин е вреден.

Минатата година, наредникот Скот Бас бил во полициска патрола кога забележал жена која сама оди по патеката. Не било првпат да ја гледа, но поради некоја причина се чувствувал љубопитен за неа и нејзината приказна

Тој се изненадил што таа постојано му паѓала во очи, па решил да застане и да ја праша неколку работи. Утрото било студено а таа очигледно била облечена за работа. Ниту еден од нив не знаел дека меѓу нив ќе се случи нешто што ќе им го промени животот.

Набрзо дознал дека се вика Џејлесија Корбет и дека работи во град оддалечен 10 километри. Полицаецот тогаш сфатил дека жената пешачи секој ден по 20 километри за работа.


На жената ѝ биле потребни два часа да стигне на работа

Наредникот Бас бил шокиран, не можел да поверува што слуша. На Џејлесија ѝ требале два часа за да стигне на работа и уште два часа за да се врати дома, и се тоа пешки.

Од тој момент, полицаецот решил да ја превезе секогаш кога може, особено ако надвор е студено или дождливо.

Тој не можел да не се восхитува на нејзините принципи и издржливост, но знаел дека може да направи повеќе за неа, па отидшол во продавница и на крајот од денот и подарил велосипед. Тој велосипед ѝ го намалил времето на поаѓање и пристигнување на половина. Џејлесија била воодушевена и го користела подарокот секој ден.

Жената му се заблагодарила на Бога што полицаецот Бас ги забележал и одговорил на тешкотиите на оваа личност и ѝ дозволил да оди на работа малку поопуштено и поодморено.