Актуелно // Insta вести
Помалиот син на Давид Бабунски наполни 3 години, а во семејството на младиот фудбалер наскоро пристигнува ќерка
Додека ја чекаат приновата во семејството која ќе им донесе ќеркичка, семејството на младиот репрезентативец Давид Бабунски го прослави 3-от роденден на помалото синче.
На голема бела торта на средина со автомобил, најмалиот во семејството Бабунски ги дувна свеќичките во присуство на најблиските и пријателите.
Инаку Давид Бабунски има само 28 години а веќе е татко на две слатки момчиња.
Во семејството на младиот македонски репрезентативец Давид Бабунски пристигнува трето дете. Овој пат сопругата Катарина ќе му подари девојче.
Убавата вест среќните родители ја споделија на социјалните мрежи со низа фотографии а под нив во постот напишаа:
„Наскоро доаѓа трето дете. Многу сме среќни и благодарни за овој благослов“.
ФОТО: Инстаграм