Помалиот син на пејачот Димитар наскоро ќе полни 1 година, новогодишно позира со бато Михаил

Добивај вести на Viber

Новогодишните фотографии се нешто што најмногу го гледаме деновиве.

Слики под елка, со дедо Мраз, позирања во новогодишен амбиент.

Една таква фотографија сподели пејачот Димитар Андоновски од своите наследници.

Гушнати позираат двете братчиња Михаил и Гаврил. 

Тие се подготвени за новогодишните празници, и сигурни сме дека со нетрпение ги чекаат подароците од Дедо Мраз.



На 12-ти јануари годинава, пејачот Димитар Андоновски се оствари во улогата на татко по втор пат. Неговата сопруга Христина на свет го донесе синот Гаврил кој наскоро ќе полни 1 годинка.

Димитар е посветен татко и сопруг, па така често на неговите профили на социјалните мрежи, покрај фотографии од професијата, споделува семејни моменти.


ФОТО: Инстаграм