Поминаа 5 години од страшната сообраќајка на Деа Ѓурѓевиќ: Објави досега невидена фотографија од болница – „Крај е тогаш кога ќе одлучиш дека е крај“
Водителката сподели фотографија од болница со силна порака
Пред точно пет години, Деа Ѓурѓевиќ, недалеку од местото каде што работи, доживеа тешка сообраќајна несреќа кога на неа налета автобус и тешко и ја повреди раката.
Долго се бореше, не се откажа, а 7 јануари ќе го памети цел живот. Па токму по тој повод објави досега невидена фотографија од болницата во која престојуваше додека да закрепне.
- Денес се точно пет години од мојата најголема борба, борба против навидум непобедлив противник. Само по изглед! Крај е кога ќе одлучиш дека е крај. А јас сакав да живеам и да победам! – напиша Деа, а потоа додаде:
Им благодарам на сите што беа со мене, почнувајќи од екипите за итни случаи, на сите лекари и техничари од ВМА и КЦС, на физио тимот, мојот втор дом – Пинк. Бескрајна благодарност до моето семејство, сите мои пријатели и до вас кои не ги познавам, а ми пруживте огромна поддршка што ја чувствував секој ден и која ми даваше сила да истраам во борбата. Посилни од било кога! Одиме на нови победи!
Фото:Инстаграм