Поплаки од млекото за бебиња на Aptamil, во Македонија засега нема реакции
Бебешкото млеко Aptamil на францускиот прехрамбен гигант Danone предизвикува болки и згрчувања кај бебињата, откако е променета формулата на три производи, реагираат родителите на социјалните мрежи вп Британија.
Од Danone изјавиле дека сериозно ги прифаќаат сите забелешки и дека го испитуваат случајот, а родителите може да се јават за совет на официјален телефонски број.
Од македонскиот увозник Аксон трејд велат дека станува збор за друга фабрика.
- Фабриката која произведува за Македонија не е истата која произведува за Британија. Формулите кај нас не се заменети со години. Ние ќе направиме проверка, но засега немаме никаква реакција ниту од родител ниту од соодветната агенција што ги испитува овие работи - изјави д-р Маја Пејковска од Аксон трејд.
Многу од родителите се јавиле во Би-Би-Си да се пожалат дека малечките се жалат на стомачни болки откако е променета формулата на три производи за четири фази од равојот.
Би-Би-Си пренесува дека мајките имаат проблем потоа да им наметнат друго решение на децата, бидејќи тие веќе покажале знаци на одбивност кон тој налин на исхрана.
Сите детали прочитајте ги на Фактор.