Популарниот турски актер Џан Јаман ги „полуде“ сите со својот неверојатен изглед: Успеа да ослабе 10 килограми, изгледа нереално добро
Популарниот турски актер по кој лудуваат жените, Џан Јаман објави нова фотографија и откри како ослабел 10 килограми за еден месец. Иако тој одамна важи за еден од најзгодните мажи на светот, сега изгледа уште понеодолливо.
Покрај забележителната промена во неговиот изглед, тој објави нова фотографија на Инстаграм и откри како ослабел 10 килограми за еден месец.
- Како ослабев 10 килограми за 30 дена? Откако завршив со снимањето на „Виолетова како море 2“, зедов неколку дена одмор. Се вратив во родниот град да поминам малку време со моето семејство и блиските луѓе и да одморам малку и да се исклучам, иако никогаш не претерувам. Сакав да уживам во турската кујна, многу ми недостигаше.
Знаев дека кога ќе се вратам во Рим ќе имам тешка работа и ќе морам да се подготвам за следната улога. Така беше. Прво морав да ја достигнам идеалната тежина, а потоа да се фокусирам на менталните аспекти. Тежок период „Изгубив 10 килограми за еден месец. Се откажав од многу работи, морав да вежбам 2 или 3 пати на ден и да постам“, додал тој.
А како изгледа сега, погледнете: