Поради болест останала без половина тело: Девојката (25) денес е шминкерка која прави чуда без раце

Добивај вести на Viber

Кејтлин Добрав поради менингитис останала без половина од телото, но тоа не ја спречило да си го оствари сонот - нема раце, но нејзината шминка е совршена

Кејтлин Добрав од Јужна Калифорнија водела здрав и активен живот додека не заболела од менингитис и не се соочила со ампутација на сите четири екстремитети.

Болеста ѝ одземала повеќе од 50% од кожата, а лекарите биле принудени да ѝ ги ампутираат рацете и нозете за да ѝ го спасат животот.

Се сеќава на таа страшна ноќ кога била примена во болница со силна главоболка, висока температура и мачнина. За само 12 часа нејзиниот тен станал виолетов, а менингитисот ја запрела циркулацијата во целото тело. Првата ампутација на раката била неопходна, но набрзо поради ширењето на болеста ги загубила и останатите екстремитети.

View this post on Instagram

A post shared by Kaitlyn Dobrow (@kaitlyndobrow)


Менингитисот предизвикал значително оштетување на кожата, поради што била подложена на серија операции за реконструкција на оштетените места. Кожата се зема од здрави делови на телото, како што е грбот, и се преместува во воспалени рани за да се олесни процесот на заздравување. 

И покрај сите искушенија и предизвици, Кејтлин нашла нов повик во животот - шминкањето. Таа станала страствен шминкер, учејќи се како да се шминка со гледање упатства на YouTube додека се опоравува од операцијата. Затоа решила да го отвори својот канал на YouTube и да ги сподели своите вештини со другите. Денес, нејзиниот канал има над 235.000 претплатници и вкупно 16 милиони прегледи.

View this post on Instagram

A post shared by Kaitlyn Dobrow (@kaitlyndobrow)


Кејтлин вели дека болеста ѝ дала нова перспектива на светот, но дека сè уште е истата дрска и храбра личност каква што била порано. Нејзината креативност и сила инспирираат многумина, а таа чувствува задоволство кога им помага на другите преку својата работа.

View this post on Instagram

A post shared by Kaitlyn Dobrow (@kaitlyndobrow)


Таткото на Кејтлин Добрав се восхитува на својата ќерка и нејзиниот огромен дух. Поминала низ тешки времиња и се соочила со животна промена, но сепак е среќна, жива и здрава. Нејзината приказна е инспиративна и ги охрабрува другите да ги надминат своите предизвици и да најдат радост и задоволство во животот.


Фото и Видео: Инстаграм