Поради оваа диета Анџелина Џоли беше на раб на анорексија: Само 600 калории во текот на денот
Во продолжение погледнете како изгледа диетата на Анџелина Џоли со која ослабе 15 килограми и се доведе на работ на анорексија!
Појавата на Анџелина Џоли со години е тема на медиумите, но и загриженост на фановите. Актерката која е висока 170 сантиметри, а како што пишуваа медиумите, пред три години наводно имала само 40 килограми.
Познатата актерка тогаш изјави дека така изгледала поради стрес, бидејќи во тој период ѝ починала мајка ѝ, а разводот со Бред Пит бил во тек.
Сепак, магазинот „Marie Claire“ направи статија за нејзината исхрана, со која таа тогаш ослабе повеќе од 15 килограми.
Исхраната се базираше на грст јаткасти плодови и семки. Списанието тврди дека Анџелина ја одржувала својата фигура со мешавина од киноа, просо, чиа семки и хељда, кои обожавала да ги јаде.
„Анџелина отсекогаш била љубител на семки и житарки, но сега сè подигна на сосема ново ниво“, изјави извор за еден магазин пред неколку години, додавајќи дека актерката се пофали дека поради житарките и кожата ѝ е посветла. Таа наводно внесувала само 600 калории во текот на денот. Денот го започнувала со лажица кокосово масло и грст семки, тврди изворот.
„Понекогаш би го прескокнала ручекот или само јадела грст бадеми или гумени бонбони. Таа претпочита протеински шејкови од специфичен ручек. За вечера обично избираше стек со малку маснотии и чаша црвено вино", додал истиот извор.
Таа во меѓувреме малку се здебели, па не изгледа како да е на работ на анорексија.
Извор:stil.kurir.rs