Поради вчерашната трагедија, немам сила за никаква прослава: Се породи пејачката Марија Микиќ, на свет донесе здраво синче (Фото)

Добивај вести на Viber

Пејачката Марија Микиќ се породи и на свет донесе здраво момче на кое му дадоа име Милија.Во оваа прилика, гордиот тато Јован Пантиќ објави нивна заедничка фотографија а во описот напиша:

- Станав татко на уште едно дете! Ти благодарам храбра моја. Ти благодарам, насмеана моја. Ти благодарам драга моја. Ти благодарам посебна моја. Ти благодарам девојче мое. Ти благодарам љубов моја. Ти благодарам, Марија моја. Ви благодариме на сите кои ги ставате вашите деца и семејството на прво место. Неможам да ти се заблагодарам колку што заслужуваш....Те сакам – напиша Јован, а потоа се обрати на пријателите.

-Поради вчерашната трагедија која ја снајде нашата Србија и од почит кон децата и семејствата кои ја доживеаја синоќешната трагедија, немам сила за каква било прослава како што е планирано, но ќе одбележиме во кругот на најблиските и семејството. Ви благодариме за разбирањето – додаде тој.


Фото:Jovanpantic/Instagram