Поранешната девојка на Новак Ѓоковиќ заработува 30.000 евра од ноќ: Еве што работи убавата Лидија

Добивај вести на Viber

Новак Ѓоковиќ во 2014 година се ожени со својата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ, но многумина не знаат што се случувало во приватниот живот на најдобриот тенисер во светот, пред Јелена.

Поконкретно, дали знаевте дека бил во емотивна врска со друга атрактивна дама?

Новак Ѓоковиќ е семеен човек, има син и ќерка, пример за сите, но како и многу спортисти во помладите денови го поврзуваа со многу убавици. Една од оние кои успеа да му го освојат срцето е Лидија Поповиќ.

Тоа беше пред српскиот тенисер да стане универзално популарен и најдобар во светот во „белиот спорт“, а кариерата на Новак одлучуваше за љубовта. Недолго по раскинувањето со Лидија, Новак започна врска со Јелена, која сега е негова сопруга.

Сепак, дел од јавната сцена денеска е и Лидија Поповиќ. Таа е позната диџејка, настапува под името Лејди Ли и има 335.000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Лејди Ли пред две години имаше повеќе од 80 странски настапи, главно во Азија, а од еден наводно заработила и до 30.000 евра.

Лидија Поповиќ ја нарекуваат и „српската Џеј Ло“, а во едно од интервјуата открила каков бил нејзиниот однос со Ѓоковиќ.

- Ноле за време на нашата врска беше секогаш внимателен и насмеан, но тогаш немаше обврски како денес. Сега носи тежок товар на грбот како познат човек во светот на спортот. Ноле секако не е папучар... Новак е друштвено и џентлменско момче, барем јас така го паметам, изјавила Лидија.

Фото: Инстаграм
Извор: Sportal.blic.rs