Поранешниот сопруг ѝ го уништи лицето со киселина: Морав да направам уште една операција, еве каква сум сега

Добивај вести на Viber

Британската водителка и инфлуенсерка Кејти Пајпер (40) беше жртва на ужасен напад во 2008 година, кој го организираше нејзиното тогашно момче Даниел Линч. Тој платил човек да ја нападне.

Стефан Силвестер на Кејти и истури киселина на лицето средe улица. Пајпер останала слепа на левото око, проголтала дел од киселината и поминала 12 дена во индуцирана кома. Досега имала стотици естетски зафати и операции, а сега открила дека ќе прави уште една.

- Ова сум јас! (За сега). Во вторникот имав планирана операција, тарсорафија на левото око. Тарсорафија е спојување на делови или на сите горни и долни очни капаци за делумно или целосно затворање на окото. Привремената тарсорафија се користи за да и помогне на заздравувањето на рожницата или за заштита на рожницата за време на краток период на изложеност или болест. Имав и операција за лузна на десното око, па и тоа ќе биде малку отечено - започна таа во својот пост објаснувајќи зошто одлучила да ја сподели својата приказна со своите следбеници. 


Како што напишала, има неколку причини зошто го објавила.

- Прво, да ги научам другите дека живеењето со повредите што ги имам значи дека работите ќе се променат во текот на твојот живот и понекогаш ќе се вратат назад. Нема вистински крај на ова и дел од закрепнувањето е прифаќање. Второ, со обезличувањето, одлуката за работа мора да се заснова на функцијата, а не на естетиката. Во мојот случај, се обидувам да го зачувам окото, да избегнам перфорација и целосно губење на окото. Исто така, само затоа што нешто е видливо не значи дека луѓето имаат право постојано да коментираат за вашиот изглед - никогаш не знаете што се случува во нечиј живот. Ако ова некому му помага, да, понекогаш ми е тешко. Добро ми е што ме гледаат поинаку од другите, но операциите можат да ме потсетат на почетокот на сето ова и тешко е психички – напиша таа.

Таа додаде дека е исклучително среќна што може да ја сподели својата приказна на социјалните мрежи и ги пофали своите следбеници.

- Сè уште сум истата личност. Едноставно имав поинаков пат во животот и тоа е во ред. Во најголем дел, живеам исполнет, привилегиран и многу среќен живот. Исклучително сум благодарна за тоа – рече таа на крајот.

Фото: Инстаграм
Извор: www.24sata.hr