„Посакувам да замрзнев јајца клетки. Сега е предоцна. Се помирив со фактот дека нема да бидам мајка": Џенифер Анистон ги разголи телото и душата
Познатата актерка Џенифер Анистон (53) се разголува и
физички и емотивно во новото интервју за „Allure“.
Актерката позираше за магазинот во минијатурен градник на Шанел и ја покажа
својата завидна фигура и порача дека „веќе нема што да се крие“.
Таа се отвори за нејзината желба да стане мајка и призна дека жали што не ја донела одлуката да ги замрзне јајце клетките кога била помлада, откривајќи дека пробала сè за да ја добие битката со неплодноста, вклучително и преку ИВФ и „пиење кинески чаеви“.
„Се обидував да забременам. Тоа беше предизвик за мене, патот до раѓање бебе. Сите години и години на погодување... Беше навистина тешко“, рекла Џенифер Анистон и додала: „Бев на ин-витро , пиев кинески чаеви, правев се‘. Се‘ би дала некој да ми кажеше: „Замрзи јајце клетки. Направи си услуга.“ Но, не размислувате за тоа".
Таа ги коментираше и гласините дека го жртвувала мајчинството за кариерата, како и дека се развела од Бред Пит бидејќи не можеле да имаат деца. Да потсетиме, поранешната двојка беше во брак од 2000 до 2005 година.
„Тоа беа апсолутни лаги. Тие приказни дека сум била себична... И дека се грижам само за мојата кариера. И не дај Боже жената да биде успешна и да нема дете. И таа причина зошто мојот сопруг ме остави, причина зошто раскинавме и го прекинавме бракот затоа што не можев да му дадам дете“.
Џенифер жестоко го демантираше и првото и второто, посочувајќи дека денеска НЕМА ШТО ДА КРИЕ.
Денес, на 53-годишна возраст, таа вели дека „не жали“ за тоа како се покажало кога станува збор за мајчинството.
„Еве ме денес. Бродот отплови. Сега всушност чувствувам мало олеснување бидејќи нема повеќе прашање: „Можам ли?“ Не мора повеќе да размислувам за тоа“, истакна таа.
„Веќе не обрнувам внимание на она што го кажуваат другите луѓе. Посреќна сум од кога било досега“
„Би рекла дека во доцните 30-ти, 40-ти, поминав низ некои навистина тешки срања, и да не беше тоа, никогаш немаше да станам она што требаше да бидам. Затоа сум многу благодарна за сите тие срања. Во спротивно, ќе останев личност која беше толку исплашена, толку нервозна, толку несигурна во себе. Сега, кој се грижи! Најдобро се чувствувам за тоа што сум денес, подобро од кога и да е во моите 20-ти или 30-ти, или во средината на 40-тите“, рече таа.
Џенифер и претходно зборуваше за мајчинството, во 2016 година објави статија за „Хафингтон пост“, а минатиот декември за „Холивуд репортер“ изјави дека тешко се справува со коментарите зошто не станала мајка. Таа истакна дека во ерата на социјалните мрежи секој што седи на компјутер добил можност да пишува навредливи коментари.
Џенифер Анистон, која исто така беше во брак со Џастин Теру, од 2015 до 2017 година, изгледа фантастично на фотографиите во магазинот „Allure“. На насловната страна носи костим за капење „Шанел“ кој претходно го носеше Ким Кардашијан.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Youtube - screnshoot - extratv
Можеби ќе ве интересира: