ПОСЕБЕН РЕЖИМ: КЕЛНЕРКА НА „ОКТОБЕРФЕСТ“ ЈА ОТКРИВА ВИСТИНАТА

Добивај вести на Viber

Завидна километража деновиве ќе набилда 25-годишната Ангела Хупер, една од келнерките на актуелното издание на „Октоберфест“. Вели дека добро се подготвила за настанот кој го посетуваат туристи од целиот свет.

- Мојот фитнес тренер смисли посебен режим. Задникот, долниот дел на грбот, нозете, бицепсите и трицепсите. Тоа се клучните делови на телото за кревање и носење тешки кригли пиво - открива Хупер која е висока 1.67 и тешка само 54 килограми.

Таа нагласува дека не ѝ треба на секоја девојка толкава физичка подготвеност и дека многу е важен психолошкиот момент.

- Моја колешка е висока два метра, има поинаква конституција и таа може наеднаш да носи и 14 кригли. Јас можам осум, а секоја наполнета тежи повеќе од два килограми. Келнерките се групирани по четири. Ако едена киксне, останатите се соочуваат со катастрофа - признава Хупер.