Последна фотка од снимањето: Бремената Сања Кужет се прости од „Ѕвездите на Гранд“ на овој начин
Водителката Сања Кужет која моментално е во блажена состојба преку својот Инстаграм профил се прости од гледачите на популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“.
- Толку од мене, за оваа сезона, драги луѓе... Сликите се направени на последниот ден од снимањето... Кога ништо не укажуваше на тоа дека нема да ја завршам. Одиме во нови приватни победи – напиша Сања.
Да потсетиме, како што дознаваат српските медиуми, Сања во „Ѕвездите на Гранд“ ќе ја замени нејзината колешка Ана Севиќ.
- Долго размислувавме кој би можел да ја замени Сања Кужет и имаше неколку дами. Сепак, одлуката падна на Ана Севиќ. Таа се покажа како добар избор, а вниманието на јавноста го привлекува и нејзиниот приватен живот, па Ана е секогаш присутна во медиумите - вели нивниот извор.
Ана Севиќ во 2010 година се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, а потоа нејзиниот живот доби сосема поинаков правец. Таа со години беше во брак со Дарко Лазиќ со кој ја има ќерката Лорена и се посвети на приватниот живот.
ФОТО: Инстаграм принтскрин официјален профил Сања Кужет