Последната мис на Југославија се омажи за богаташ од Дубаи: Беше меѓу најубавите на поранешни ЈУ простори, а денес е уште поатрактивна
Многумина се прашуваат каде е денес и како изгледа, Ана
Шаргиќ, последната мис на Југославија.
Во 2002 година Ана Шаргиќ беше последната Мис на Југославија, а во тоа време се пласираше меѓу најдобрите 20 финалистки на натпреварот во Лондон. Таа долго време работеше како најмладиот член на тимот на Кристијан Диор за нивниот влез на пазарот во Обединетите Арапски Емирати.
Имено, Ана Шаргиќ, која е родена во Ваљево, Србија во 2002 година ја освои титулата Мис на Југославија, а животот го продолжи во Дубаи.
Ана заминала на работа во Обединетите Арапски Емирати, не сфаќајќи дека токму таму ќе ја запознае љубовта на својот живот, богаташот од Дубаи.
„По завршувањето на студиите решив да најдам работа во професијата, но и да останам во светот на модата. Многу брзо добив понуда да бидам најмладиот член на тимот на Кристијан Диор, за нивниот влез на пазарот во Обединетите Арапски Емирати. Ги поминав сите потребни обуки, од производство, продажба, маркетинг, а потоа добив официјална понуда да бидам дел од менаџерскиот тим“, изјави во една прилика Ана.
Од 2010 година е во брак со Реза Калантаријан, со кого има две ќерки и еден син. На нејзиниот Инстаграм профил може да се забележи дека води многу активен социјален живот, додека одвреме-навреме доаѓа во Белград на кој секогаш се радува.
„Често доаѓам во Ваљево. На моите деца им всадив љубов кон Ваљево, кон Србија, српската храна и српскиот јазик. Децата инсистираат секој одмор да го поминат во Ваљево со моите родители. Тие ги имаат сите светски дестинации на располагање, но тие никогаш не се двоумат. Бев многу млада кога ја напуштив Србија, најмногу се сеќавам на љубовта на моите родители, пораснав во скромно семејство со многу разбирање, љубов и внимание. Од сите места кои ги имав на располагање одбрав на моите деца да им направам куќа на истото место каде што сум одгледана. Се чувствува топлината, куќата има душа, зрачи спомени, сега моите деца си играат на истото место каде што играв пред 30 години“, рече Ана.
Како што откри во една прилика, нејзиниот сопруг не е од модниот свет и не сака премногу да се експонира во јавноста.
„Реза не е од модниот свет. Тој работи во угостителството и е успешен во својот бизнис. Кариерата ја изгради во синџирот хотели Хајат, потоа Сент Реџис и Сохо Хаус на позицијата генерален менаџер. Во Емиратите имаше Задачата да отвори 72 хотели во рок од две години и моментално е задолжен за Soho House - престижен глобален синџир каде што престојуваат почесни членови, холивудски ѕвезди, Бред Пит, принцот Хари, Орландо Блум и Рита Ора“, изјави Ана за lagrande.rs
Ана работи во една од арапските компании, додека деталите за новото работно место никогаш не ги објавила во јавноста. Се дружи со светски ѕвезди, а често се случува да објави фотографија со некоја од нив.
Фото: Инстаграм/ Printscreen - youtube