ПОТРАГАТА ПО ВАЊА ВЛЕГУВА ВО ЧЕТВРТИОТ ДЕН: По што се разликува „Амбер алерт“ и зошто е толку ефикасен

Добивај вести на Viber

И по 72 часа од исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од центарот на Скопје нема ниту трага. Нејзината фотографија не се симнува од медиумите и од социјалните мрежи, а за нашето девојче веќе се добро упатени и во соседните земји. Објавата е напишана и на англиски и на српски јазик, за жал досега нема никаква информација.

Во изјава за Фактор, мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, вели дека е во постојан контакт со полицијата и дека цврсто верува дека ќе ја најдат нејзината ќерка.

-Полицијата интензивно работи. Јас не сакам да се сомневам во ништо и во овие моменти мора да останам силна. По неколку пати во денот сум во контакт со полицијата, на се што можам да се сетам, се што сметам дека е важно за истрагата им го кажувам и тие буквално работат деноноќно. Секако дека се надевам на најдоброто, вели Зорица за Фактор.

Иако, во Македонија го немаме американскиот систем за брзо пронаоѓање на ис­чез­на­ти малолетни ли­ца, наречен „Ам­бер алерт“, на нозе се кренати сите надлежни ниституции во земјава, а за исчезнувањето на Вања, веќе е алармирана и информирана Европската организација за исчезнати деца.

-Како Меѓаши сметаме дека и во Македонија е неопходно да се имплементира системот „Амбер Алерт“ кој е наменет за пронаоѓање на деца кои се жртви на киднапирања заради разни причини и особено поради фактот што тој има посебен начин на функционирање. Она што сакам да го истакнам е дека посебно се залагаме и за воведување на линијата 116000, исто така за исчезнати деца и на овој начин да се вмрежиме со останатите земји каде што функционира ова, односно да бидеме во иста мрежа со Србија, Грција, Албанија и Бугарија. Во оваа насока, сакам да потенцирам дека за исчезнувањето на Вања стапивме и во контакт со две организации за исчезнати деца во Белград и во Тирана и практично ги мобилизиравме, вели Драги Змијанац од „Меѓаши“.

И на телефонскиот број 112 има огромен број јавувања од страна на граѓани кои сакаат да помогнат.

- На овој број навистина се јавуваат голем број граѓани и јас навистина ги охрабрувам сите кои имаат каква било информација за Вања да се јават на 112. Истрагата секако ја води полицијата, и ЦУК сите овие јавувања ги пренасочува во МВР.

Но, по што се разликува „Амбер алерт“ и зошто е толку ефикасен во брзо пронаоѓање на исчезнати деца.

Ста­ну­ва збор за систем со кој пре­ку СМС, об­ја­ви на те­ле­ви­зи­ја, из­ве­сту­ва­ња на ае­ро­дро­ми, хо­те­ли, гра­нич­ни пре­ми­ни се да­ва­ат по­да­то­ци на ис­чез­на­ти де­ца за нив­но бр­зо про­на­о­ѓа­ње. Од скоро Амбер алерт функционира и во соседна Србија.

-Во слу­чај на ис­чез­ну­ва­ње на ма­ло­лет­но де­те, се ис­пра­ќа ит­но из­ве­сту­ва­ње во ме­ди­у­ми­те на се­кои 30 ми­ну­ти. Пред­ви­де­но е ме­ди­у­ми­те да ја пре­ки­нат про­гра­ма­та и да об­ја­ват фо­то­гра­фи­ја од ис­чез­на­то­то де­те со ос­нов­ни ин­фор­ма­ции. По­тоа мо­бил­ни­те опе­ра­то­ри испраќаат пораки на сво­и­те ко­рис­ни­ци за ис­чез­на­то­то де­те, за­ед­но со линк до веб-стра­ни­ца­та на Ми­ни­стерс­тво­то за вна­треш­ни ра­бо­ти. Во рам­ки­те на овој си­стем е пред­ви­де­но ЈП „Па­ти­шта Ср­би­ја“, ае­ро­дро­мот „Ни­ко­ла Тес­ла“, авто­бу­ски­те и же­лез­нич­ки­те ста­ни­ци на сво­и­те екра­ни да об­ја­ву­ва­ат ин­фор­ма­ции за ис­чез­ну­ва­ње­то на де­те­то. Си­сте­мот се акти­ви­ра ко­га жи­во­тот на де­те­то ќе би­де во опас­ност, а ќе функ­ци­о­ни­ра та­ка што те­ле­ви­зи­ски­те про­гра­ми ќе се пре­ки­ну­ва­ат на се­кој по­ло­ви­на час во пр­ви­те осум ча­са по ис­чез­ну­ва­ње­то.

По тие осум ча­са, до исте­кот на 48 ча­са од при­ја­ву­ва­ње­то на ис­чез­ну­ва­ње­то, еми­ту­ва­ње­то на об­ја­ва­та ќе мо­ра да про­дол­жи на се­кој час. По­тоа ме­ди­у­ми­те по­ве­ќе не се об­вр­за­ни да ги об­ја­ву­ва­ат ин­фор­ма­ци­и­те, освен ако по­ли­ци­ја­та не го по­ба­ра тоа. Но, не се об­ја­вува се­кое ис­чез­на­то де­те. Спо­ред си­сте­мот, во оние си­ту­а­ции ко­га об­ја­ву­ва­ње­то по­да­то­ци за ис­чез­ну­ва­ње де­те го отеж­ну­ва слу­ча­јот, се ме­ша во ра­бо­та­та на по­ли­ци­ја­та и прет­ста­ву­ва опас­ност за жр­тва­та, на­чал­ни­ци­те на по­ли­ци­ски­те упра­ви ќе на­пра­ват од­лу­ка за акти­ви­ра­ње на си­сте­мот врз ос­но­ва на јас­но де­фи­ни­ра­ни по­ра­ки.

Де­вој­че­то по кое е име­ну­ван си­сте­мот Си­сте­мот „Ам­бер алерт“ (Amber alert), врз ос­но­ва на кој е соз­да­ден „Фајнд ми“ (Find Me), е соз­да­ден во САД во 1996 го­ди­на, а го до­бил име­то по Ам­бер Ха­гер­ман, де­ве­тго­диш­но де­вој­че од Те­ксас кое би­ло кид­на­пи­ра­но и уби­е­но. Во­о­би­ча­е­на­та по­ли­ци­ска пра­кти­ка во све­тот бе­ше по­тра­га­та по ис­чез­на­ти ли­ца, вклу­чу­вај­ќи и де­ца, да за­поч­не по 24 или 48 ча­са, за да им се да­де шан­са на оние што во афект по­бег­на­ле од до­ма да се вратат. На овој на­чин по­ли­ци­ја­та за­ште­ду­ва­ла ре­сур­си, но тра­гич­ни­от на­стан ги про­ме­нил си­те про­це­ду­ри и све­тот го до­бил си­сте­мот „Ам­бер алерт“, кој во го­ле­ма ме­ра ги зго­ле­му­ва шан­си­те за про­на­о­ѓа­ње на ис­чез­на­ти­те де­ца.

Анита Буховски