Потребен му е на вашето срце: Пијалак од 4 состојки - го намалува крвниот притисок и го зајакнува срцето
фото:Shutterstock
Заборавете на другите плодови - спасот е во боровинките!
Списанието Академија за исхрана и диети ги објави резултатите од студијата што покажа дека кај жените кои поминале во менопауза, со само 8 недели конзумирање боровинки, во просек, крвниот притисок им опаднал за 5 проценти а протокот на крв, како резултат на проширувањето на крвните садови, зголемен за цели 69 проценти!
Причината може да лежи во флавоноиди, антиоксиданти кои го намалуваат и спречуваат воспалението. Не ви е потребна целосна кофа со свежи боровинки, според првото истражување, ќе ви биде доволно само една чаша замрзнати боровинки, пренесува Prevention.com.
РЕЦЕПТ: Сок од боровинки и банана
Покрај антиоксиданси, овој пијалок е полн со калиум и пробиотици, кои се одговорни за намалување на крвниот притисок. Пијте половина од пијалокот за појадок, а остатокот во текот на денот.
Потребни состојки за 2 порции:
1 чаша замрзнати боровинки
1 сецкана банана
1 чаша јогурт со малку маснотии
1 чаша млад спанаќ
Подготовка: Ставете ги сите состојки во блендер додека не се претвори во густа смеса.
Наздравје!