Потресен статус на момчето чија девојка почина: Како денес да ги утешам твоите родители?
„Денес ме чека најтешкиот ден во животот. Заминуваш. Засекогаш. Без последен поздрав, без последна прегратка, без последен бакнеж. Со тебе заминува и дел од мене“. Ова се потресните зборови со кои Божа Лишиќ јавно се прости од својата девојка Вида Милиќ, која со својата сестра Добрила, загина во сообраќајна несреќа.
„Ми се пикна под кожа и остави трага која не може да се избрише. Многумина велат: 'Судбината така сакала'. Судбина? Чуден е тој поим судбина кој си игра со нас, ги зима нашите најмили. Што си и ти крива, ти која не би згазила ни мравка, ти која беше полна со живот, ти која секогаш беше насмеана и ведра, ти пред која беше животот. Знам дека си на подобро место, но како да продолжам понатаму? Како после толку убави работи? Како покрај толку неостварени желби и планови?“, напиша Божа.
Целата посвета ја имате на Hashtag.mk