Поубава елка одамна не сме виделе, а декорациите се фантастични: Пристигна новогодишната еуфоријa во домот на Здравко Чолиќ

Фото: В.Тануровски

Уна откри малку од атмосферата од викендицата на Здравко Чолиќ

Ќерката на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ со големо нетрпение ги очекува претстојните празници, а доказ за тоа е елката која веќе е одлично накитена.

Таа не одолеа да сподели со следбениците на социјалните мрежи дел од атмосферата од семејниот дом, па добивме можност да видиме како изгледа куќата на Здравко Чолиќ за време на новогодишните и божиќните празници.

На фотографијата која Уна ја сподели, можете да видите прекрасно украсена елка, со многу луксузни и убави украси, како и светилки кои секогаш додаваат елеганција и стил.

Во текот на изминатите неколку години, преслатки џуџиња и Дедо Мразовци вселија во многу домови, а се чини дека ниту домот Чолиќ не останал имун на овој тренд.

Некогашните шарени бонбони се заменети со украси во широк спектар на облици и бои, па денес новогодишните елки наликуваат на оние што некогаш имавме можност да ги видиме само во најлуксузните домови.

Извор: glossy.rs