Поубава не била никогаш - Сега заликува на Џенифер Лопез, а еве каква е: Елено моме, изгледаш врвно (ВИДЕО)

Поп-пејачката Елена Ристеска се појави во видео со кое ги воодушеви нејзините фанови, а многумина и коментираат дека таа наликува на латино дивата Џенифер Лопез.

Инаку пејачта со видеото покажува како изгледа кога е без шминка и фризура која е во процес на правење, а потоа целосниот изглед, со кој зрачи.

Видеото е објавено од нејзиниот пријател и стилист Даниел Николовски, кој во описот напишал: „Поклони ѝ се на кралицата. Глам за забава. Живеј го животот во потполност и фокусирај се на позитивното“.

Многупати досега во медиумите се коментираше дека пејачката има правено корекции на нејзината уста, но во ова видео може јасно да се види дека со шминка се е можно.


Фото: Инстаграм