ПОВЕЌЕ БЕВ СО ВАНЧО ОТКОЛКУ СО САМИОТ СЕБЕ: Гоце Тодоровски емотивно го испрати колегата

Добивај вести на Viber

„Повеќе бев со Ванчо, отколку со самиот себе“ , изјави актерот Гоце Тодоровски за својот колега и пријател Ванчо Петрушевски, на денешната комеморација во Драмскиот театар во Скопје. 

Петрушевски почина во саботата во неговата викендичка во Орешани, од струен удар. Низ солзи, Гоце Тодровски раскажа оти викендичката во Орешани била омиленото место на Ванчо, а Тодоровски од тага веќе никогаш нема да стапне таму.

Гоце, Ванчо и Благоја Чоревски на гостување во емисијата „Еден на ден“ лани 

„Еднаш кажав дека повеќе сум бил со Ванчо, отколку со самиот себе, 57 години бевме заедно“, додаде Тодоровски. Листот на кој беше напишан неговиот говор, тој немаше сила да го дочита и го фрли на земја .

„Твојот уникатен талент и актерско мајсторство не можат да се копираат“, додаде Тодоровски. 

„Го загубивме Ванчо, Ване, Иван , Рамче“, рече актерот Кирил Андоновски.  Актерот Благоја Чоревски му заблагодари на Бога што го споил со Ванчо.

Фото: „1 ТВ“