Повреди на главата, лицето, скршена вилица, хематоми, откорнати прамени од коса...: Претепаната српска старлета Наташа Шавија го потресе балканот
Познатата српска старлета и
учесничка во неколку реални шоуа, Наташа Шавија беше претепана рано утрово,
наводно од синот на еднен познат лик од белградскиот асвалт, пренесуваат
медиумите. Таа била примена на ургентен центар во раните утрински часови со повреди
на главата, лицето, скршена вилица, хематоми, откорнати прамени од коса...
Старлетата се огласила од болница и изјавила дека медиумите ја кажуваат вистината, но во тек е истрага па не би сакала да зборува за деталите.
Но покрај овој скандал, она што го привлече вниманието се и срамните коментари за целата случка.
Дали жената заслужува да биде претепана?!
-„Незадоволен муштерија“, „Само на такви жени нека им се случува тоа“, „Си барала си добила“, „За неа и тоа е малку“, „Што треба да очекува к..ва“... се само дел од коментарите.
Да таа е старлета, се наведуваат уште многу работи, речиси сите кои ја познаваат знаат каков живот води, а оние кои не ја познаваат доволно е да го погледнат нејзиниот инстаграм профил. Но, кој тоа го интересира во овој случај? Утринава се случило тешко насилство врз жена. Жена која е претепана од маж и цел живот ќе носи лузни како физички така и психички.
Дали некоја жена што одлучила да го живее животот како што сака, како тоа што го прави Шавија, значи дека заслужува да биде тепана од секој еден кој ќе наиде на неа? Секако дека не. Особено се зачудувачки коментарите под објавите кои повикуваат и оправдуваат насилство а уште пофрапантно е тоа што голем дел се напишани од жени.
Како апелите „Стоп за насилство врз жените“ да се доволни. Не значи не. А секое насилство е казниво со закон, па така ќе биде и ова...
Но, како да се вразумат оние кои уживаат кога некој друг страда е прашање кое, денес сите барем еднаш си го поставиле.
Инаку, причините за нападот сеуште не се познати, ниту кој е официјално напаѓачот, а полицијата работи на расветлување на случајот. Старлетата изјави дека претрпела сериозна траума и дека нкогаш не и се случило нешто слично, а сега ќе мора да помине низ неколку операции.
Фото:NatasaSavija/Instagram/KurirRs