ПОЖАРИ И НА ИСТОК И НА ЗАПАД, МАКЕДОНИЈА ВОДИ БИТКА: Пеплосани цели региони, и Галичица уништена

Добивај вести на Viber

Десеттина дена гори сртот на планината Галичица, на две локации, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината. 

Гори нискостеблеста вегетација, а пламенот брзо се шири потпомогнат од воздушните струења и екстремно високите температури.

Навечер може да се види и пламен на врвовите на планината во близина на границата кон Албанија, додека во текот на денот погледот кон планината е оневозможен од чад.

Изминатите денови беше дејствувано и од воздух, со ангажирани воздухолови. Хеликоптери и утрово го надлетува Охридското Езеро, но и гаснењето од воздух е отежнато бидејќи се работи на терен на голема надморска височина што дополнително го усложнува пристапот на воздухопловите. 

Подетално на Фактор тука.