ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Авантурите на најбогатиот јутјубер на светот

Добивај вести на Viber

Навидум е обично момче кое како и секое друго седумгодишно дете сака да си игра со играчки, но она што е фасцинантно за него е фактот што тој на својата сметка има 22 милиони долари.

Магазинот „Форбс“ објави дека малиот Рајан со својот канал „Рајан тојс ревју“ го надминал во заработката и јутјуберот Џејк Пол и тоа за 500.000 долари.

Видеата на Рајан на „јутјуб“ имаат неверојатна гледаност, а кога еден новинар на „Еј-би-си“ го прашал зошто децата ги сакаат неговите снимки, едноставно одговорил: „Затоа што сум забавен и смешен!”