Животна училница // Приказни
ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Баба на 77 години нурна во замрзнатото Бајкалско езеро (видео)
- 30 Јануари, 2019
Љуба Зозуленко (77), пензионерка од рускиот град Новосибиркс, пливаше под замрзнатото Бајкалско езеро. Температурата на воздухот била минус осумнаесет степени, пренесуваат тамошните медиуми.
Освен со ладното време, оваа храбра жена морала да го совлада и стравот ако се земе в предвид дека пливањето под мраз бара огромна самодисциплина и контролирање на емоциите. Станува збор за вистински подвиг и за искусни пливачи и нуркачи, но мора да признаеме дека оваа супербабичка одлично се снајде.