Животна училница // Приказни
ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Кејти (11) ги освојува модните писти, а има церебрална парализа
- 28 Февруари, 2019
Кејти Реншо (11) поголемиот дел од животот го поминала во инвалидска количка, а минатата недела прошета на модната писта во Лондон. Уште како бебе ѝ била дијагностицирана церебрална парализа која ја нарушува координацијата на мускулите. Пред три години била на операција во болницата Alder Hey во Ливерпул која траела девет часа, кога хирурзите успеале да ги исправат нејзините нозе и стапала. Следувала интензивна физиотерапија по што Кејти ги направила своите први чекори.
Реншо веќе потпишала договор со агенцијата Zebedee Management која застапува и други модели кои се нетипични за модната индустрија.