Познат клинички психолог кој 50 години лекува трауми тврди дека оваа едноставна навика прави чудо во животот за една година: Еве како да станете посреќни почнувајќи од денес!
Ричард Луис Милер е американски клинички психолог, автор и основач на меѓународно признатата установа „Вилбур Хот Спрингс“, каде пациентите се лекуваат на термални извори, а неодамна сподели корисни совети за Тик Ток за тоа како секој од нас може да си помогне и да биде посреќен во животот.
Иако има 85 години, психологот Ричард Луис Милер често ја користи модерната технологија и социјалните мрежи за да го сподели своето децениско искуство и знаење.
„Кажете си нешто убаво и афирмативно секој ден, најдете нешто во себе што е позитивно, добро... Или планирајте нешто добро, запрете го протокот на црни мисли кои ви ја трошат енергијата и прават да се чувствувате лошо“, вели тој во видеото кое стана вирално со брзина на светлината.
„Ако редовно го повторувате тоа, вашиот мозок ќе ги прифати информациите и ќе верува во нив. Ова особено важи за постарите луѓе, кои можат да ги подобрат подоцнежните години од нивниот живот“, додаде тој.
Така, вели Милер, ако секој ден си кажувате неколку добри работи, вашиот ум ќе има најмалку 800 такви стимули за една година и вашата емоционална состојба значително ќе се подобри.
„Меѓутоа, ако секој ден зборуваш негативно за себе и за другите, се е црно, дополнително си го „труеш“ мозокот и се вртиш само околу негативни мисли. А негативните мисли зачестуваат, се создаваат нови и тешко ќе излезете од тој круг, накратко: не се сакате себеси или другите“, истакнува тој.
@drrichardlouismiller The Impact of Internal Dialogue on Mental Health
original sound - drrichardlouismiller
Секако, луѓето имаат и тешки моменти во животот, нормално е да се чувствувате тажно, да плачете и да бидете преокупирани со лоши мисли. Меѓутоа, проблемот е ако секој ден од вашиот живот се врти околу негативноста, било на другите или на вас самите…
„Потврда е секоја мисла и секој збор што го зборуваме. Тие се потврда на мислење или став. Ако живееме во ум полн со негативни мисли и стравови, светот низ кој се движиме е секако страшен и полн со непријатност, бидејќи нашите основни верувања ќе го потврдат тоа“, рече тој и додаде:
„Добро е што можеме да ги промениме тие мисли, а за тоа ни треба само нашата волја и одлука. Со промена на содржината на нашите мисли и нашиот внатрешен дијалог, реалноста добива сосема различни бои и квалитети. Истражување кое се занимава со проучување на тоа како позитивното размислување влијае на нашиот живот, заклучи дека луѓето всушност се чувствуваат подобро со афирмации и дека редовната употреба на афирмациите се рефлектира со подобра самодоверба, зголемено чувство на прифаќање и самољубие и други позитивни чувства“, рече Милер.
Фото: Freepik.comИзвор: Zena.blic.rs