Познат психоаналитичар открива: Зошто некои деца ги почитуваат и ценат своите родители, а други не

Добивај вести на Viber

Живееме во многу чудни и тешки времиња, тоа го чувствуваат сите, дури и најмладите. Едно момче постојано се преиспитуваше, го интересираше зошто никој не го почитува. Ниту родители, ниту браќа, ниту сестри.

Одговорот би можел да биде многу едноставен - дојде времето на површни, бездушни и рамнодушни луѓе. Почитта, помагањето и добрите односи речиси станаа бајка која сè уште може да се најде само во книгите.

Една жена сподели токму едно вакво искуство, поточно го сподели искуството на својата соседка.

-Имам соседка, повозрасна жена со која сме навистина блиски. Неодамна ме праша што се случува, зошто децата не ја почитуваат. Таа е навистина добра личност. Целиот живот им го посвети на децата, ги носеше на море, се потруди да им обезбеди се што треба, работеше две работи и ништо не и беше тешко. И за што, што доби таа на крајот? Нејзиниот син се отселил и тој ретко има време да разговара со неа - речиси никогаш. Тој работи постојано, неговиот живот е посветен на работата, а таа сака да слушне од него, да види како е и што прави. Што и да го праша и каков совет и да се обиде да му даде, одговорот е ист – тој и вели да не се меша. Покрај синот, таа има и ќерка. Со неа ситуацијата е малку поинаква. Нејзината ќерка живее во истиот град како неа и релативно често ја посетува. Сепак, секогаш сè се сведува на осуди поради нередот, врева поради нејзиното заборавање и слично. Постојано се лути и нема трпение. Сосетката вели дека знае дека нејзината ќерка ја сака и се грижи за неа, но не се чувствува како да ја почитува. Велат дека децата се воспитуваат со сопствен пример, но нејзините деца не го стекнале моделот на однесување каков што имала мојата сосетка кон нејзината мајка. Како се случи таков превид?, вели оаа анонимна жена.

За ова тема психоаналитичарот Џејмс Холис дошол до интересни заклучоци кои ќе ги споделиме со вас. 

Тој вели дека нашите односи се одредуваат според начинот на кој се однесуваме кон себе. И ова е најсуровата вистина. Една и единствена. Соседката била подготвена да направи се за доброто на нејзините деца. Можела да издржи, да молчи, да ги исполни сите нивни каприци. Децата сфатиле дека нивната мајка може да толерира такво однесување и едноставно продолжиле да се однесуваат токму така, без осет и чувствителност.

Не заборавајте дека луѓето со нас се однесуваат поинаку отколку ние со нив и секогаш треба да бидете личноста која ја одредува границата до која луѓето можат да одат кога станува збор за вас.

Сепак, пред се, важно да се почитувате себеси и да не дозволувате ништо повеќе од она кое го заслужувате!

 

Фото: freepik