Познатата српска водителка се омажи за 6 години помлад маж и призна: „Постојано велев што ќе правам јас со него“

Една од некогашните омилени водителки, Данијела Пантиќ, која публиката ја памети по квизот „Слагалица“, среќата ја најде со својот сопруг со кој дели убави и лоши моменти

Данијела, чие презиме денес е Пантиќ Цониќ, е мажена за шест години помлад маж.

- На почетокот ми беше малку чудно, што ќе правам со помал, не ни помислував дека ќе бидеме во врска, но Ненад е многу зрел и точно знаеше што сака. Ако има толку многу добри работи во нашата врска, годините се најмалиот проблем и не треба да се грижиме за тоа - изјави еднаш водителката за „Глорија“.

Фото: INSTAGRAM, DANIJELAPANTIC / SCREENSHOT

Инаку, Даниела во деветтиот месец од бременоста ја донела одлуката да се породи дома, што им ја кажала само на најблиските, сопругот и сестрата. По овој чекор водителката имала многу проблеми бидејќи во Србија породувањето дома не било дозволено.

- Избрав да се породам во базен во последен момент, во деветтиот месец. Иако за повеќето жени тоа звучи како чиста егзотика или храбар потег, за мене породувањето во базен, во мојот стан беше сосема природно и нормално. Тоа е навистина уникатно и многу прекрасно искуство, бидејќи каде би се чувствувале поудобно отколку дома, со драги луѓе кои се грижат за вас. Покрај бабицата, со мене беше и Ненад, мојот сопруг, а по неколку часа ни се придружи и заспаниот Игњат. Предноста на породувањето дома е што можев да се опуштам со музика и кафе додека лежам во топла вода. По породувањето, јас и Игњат заспавме во нашиот кревет - тоа е фантастично чувство кое ниту едно породилиште не можеше да ми го даде, нели? За разлика од нас, Скандинавците, на пример, добро ги знаат сите предности на породувањето дома и затоа ваквиот начин на раѓање деца е доста вообичаен кај нив - изјави тогаш водителката.


извор: www.blic.rs