Познатиот руски психолог Зигматовиќ тврди: Паровите кои постојано го поставуваат ова прашање во бракот никогаш нема да се разведат
Љубовта е главниот двигател на сите нас, а една од најважните работи во животот е да најдеме партнер кој не само што ќе не сака, туку и ќе нè разбере и почитува. Многу луѓе се прашуваат која е тајната на среќниот и долготраен брак, но всушност клучот се крие само во едно прашање, вели познатиот руски психолог Павел Зигмантовиќ.
И тоа гласи:
Како можам да му помогнам на мојот партнер?
„Секогаш кога ќе го погледнете вашиот сопружник, поставете си го ова прашање. Од време на време, поставувајте го прашањето гласно за да може партнерот да го слушне и да ви го даде одговорот. Помогнете му колку што можете повеќе. Ако не, дајте му го вашето разбирање. Побарајте детали, помогнете му да му ја олесни душата. Ова е причината зошто ова прашање толку добро влијае на секоја врска“, вели познатиот руски психолог Павел Зигмантовиќ.
Во бракот исклучително е важно во куќата да има мирна и убава атмосфера. Ако зборувате искрено, се слушате и си помагате, бракот не може да биде лош. Грижливиот сопруг/сопруга што знае да слуша се препознава како сроден дух и партнер за цел живот и затоа во такви бракови не може да има изневерување.
ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА: За ова прашање да биде ваше моќно оружје за подобрување на бракот, мора да го практикуваат и двајцата партнери. Ако само еден се труди, нема брачна среќа и љубов.
Извор: stil.kurir.rs