Прашина го обви Скопје: Силен ветар во главниот град

Добивај вести на Viber

Силен северозападен ветар со брзина и до 90 километри на час почна да дува попладнево во Скопје. Ветрот во прогнозата го најави и УХМР, а според најавите, ова ќе биде почеток кон залдувањето кое ќе следи од утре.

Инаку, поради ветрот, во главниот град се крена и доста прашина. 

Според метеоролозите попладне, а особено кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава. 

Од вторник времето ќе биде претежно сончево, но ветровито со силен северен ветер, како и значително постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени. Од среда наутро осетно опаѓање ќе има и кај утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата. Постепено затоплување ќе има кон крајот на неделата.