Правев сѐ за да ми останеш жива подолго: Биба Додева со сеќавање на мајка си

Добивај вести на Viber

Биба Додева со емотивна објава се присети на својата мајка, која почина од канцер пред точно две години. Пејачката која е актуелна по преработката на култниот хит „Скопје“ од „Леб и сол“ и претседател на здруженито „Борка“, вели дека правела сѐ мајка ѝ да остане жива што подолго.

„ Знаеш дека не одам по гробишта и не сакам "журки" во Бутел, ниту пак сакам да "раздавам" за душа.. Можеби и затоа ми доаѓа супер што сум некаде далеку занесена со мојата БОРКА, само за да не се вклопам во шемата на овој ден..Кога ќе се вратам ќе си ги соберам најблиските, како ти што нѐ собираше и ќе одиме во твојот омилен „Дестан“, на десетка со кромид и ќе збориме за тоа каква прекрасна жена беше. Каков верен пријател. Каква мајка и баба. Правев сѐ за да ми останеш жива и што подолго да те имаме во нашиот живот. А сега, сега живееш во нас. Живееш во мене. Секојдневно. И ми фалиш. Многу ми фалиш мамо. Две години, како два века. А присутна си во сѐ што правам. Зошто си дел од мене. Зошто сум дел од тебе. Те сакам“, напиша Биба за мајка си.