„Пред 13 години тогаш буквално скршен од загубата на мојата мајка напишав песна …“: Ламбе Алабаковски се присети на едно време кое и денес буди во него помешани чувства
Пејачот Ламбе Алабаковски кого македонската јавност го запозна во 2004 година, кога имаше само 16 години, стана инстант тинејџерска ѕвезда по победата на музичкото шоу „Плеј – потрага по ѕвезди“, но за жал во екот на неговата најголема популарност, во мај 2006 година, почина неговата мајка Маријана.
Тогаш тој имаше 18 години, а лошата вест ја доби во Атина, Грција, на Евровизија, каде беше дел од екипата на Елена Ристеска. И по големиот животен „удар“ тој продолжил да пее поради мајка му, која секогаш му била голема поддршка во кариерата и многу се гордеела со него.
Оттогаш до денес се изминати 13 години, но сепак, една е мајка, а Ламбе секогаш кога има прилика ја споменува.
Така беше и овој пат. Пејачот на својот Инстаграм профил објави еден статус кој говори за времето кога тој ја претрпе најголемата загуба во животот, а верата му помогна да го преброди тој период колку е можно побезболно.
„… пред 13 години тогаш буквално скршен од загубата на мојата мајка сум ја напишал оваа песна-музиката! Навистина тогаш како амбасадор на СОС Детското село во Македонија, а и денес после толку време оваа песна буди помешани чувства во мене, би рекол како еден мој драг пријател ќе цитирам ТАГОВНА РАДОСТ! Засекогаш еден убав спомен во моето срце од овие „радосно таговни“ дечиња судбини и насмевки. Ми е особено чест и мило што мојата маленкост ги направи бар на момент среќни … и голема почит за сета љубов и грижа и мисија на #сосдетскосело кон ваквите деца!“, напиша пејачот.
Денес Ламбе е во среќен брак со Магдалена, а од бракот ги имаат двата сина Михаил и Димитриј.
Фото:Инстаграм