Пред 16 години го освои светот во него: Жизел на Мет Гала се појави во легендарниот фустан кој нема да се заборави
Во 2007 година, бразилската
убавица Жизел Бундшен облечена во бела тоалета за кампања на Шанел измами милиони
воздишки, а очигледно оваа креација и оставила голем впечаток и на неа. На синоќешната
Мет Гала во Њујорк, за прв пат во последните 15 години без американскиот
фудбалер Том Брејди од кој се разведе минатата година, Жизел се појави во фустанот во кој пред повеќе од една деценија го освои светот.
Некогаш најплатената манекенка Жизел изгледаше божествено, а таа реши на прекрасен начин да му оддаде почит на починатиот германски дизајнер Карл Лагерфелд. Бидејќи темата на овогодинешната Мет Гала беше „Karl Lagerfeld: The Line of Beauty“, Жизел избра фустан на Шанел дизајниран од познатиот креатор.
Станува збор за бела креација во која Жизел Бундхен ја видовме во рекламна кампања за couture колекцијата на брендот Шанел во 2007 година, а убавицата ја носи на една од нејзините најпознати фотографии.
Бундхен го носеше
со луксузна наметка од пердуви, како и скап гердан кој го комплетираше
нејзиниот изглед.
- Го носев овој
фустан во 2006 или 2007 година, за едиторијал, истиот фустан е - воодушевено
изјави манекенката на црвениот тепих.