„Пред 17 години, светот стана побогат за уште една исклучителна убава душа“: Пере Нокаут емотивен за роденденот на неговата ќерка Каја

Добивај вести на Viber

Ќерката на Пере од Нокаут, Каја наполни 17- години. Каја е втората ќерка на Пере од неговиот прв брак со новинарката Александра.

Пере и посвети емотивна порака и објави нејзина фотографија на социјалните мрежи.

„Каја ќерко моја,ти си архитектот на својата судбина,сликарот на твоите соништа и писателот на својата приказна.Ти посакувам не само среќен роденден,туку и живот исполнет со откритија,радости и неограничени можности.Секој ден нека биде нова страница во книгата на твоите успеси,а секоја година поглавје исполнето со среќа.Те сакаме повеќе отколку што зборовите можат да го изразат и да го поддржат секој чекор од твоето патување.Пред 17 години,светот стана побогат за уште една исклучителна убава душа.Ти.Среќен 17-ти роденден Каја“, напиша Пере.


Нејзината мајка пак Александра објави неколку ретро фотографии. Од фотки кога Каја била бебе, па се до нејзината 17-та година и напиша: „Среќен 17-ти роденен моја принцезо“.

Фото: Инстаграм