Пред 39 години човекот на мојот живот ме остави без збор: Во 2020 година ми напиша порака на Фејсбук и ми објасни... (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Во моментот кога првпат се погледнаа еден со друг во 70-тите, Пени Амберс (61) и Марк Бетел (62) знаеја дека се создадени еден за друг. Тоа беше љубов на прв поглед, иако беа само тинејџери.

Пени имала 16 години кога го запознала Марк, 17-годишен студент за размена од Насау, Бахамите, во приватно училиште во Нотингем. Нивната љубов траела во текот на средното училиште, а потоа и на факултет. Марк дури се вратил во Англија, примајќи стипендија на универзитет во Лондон, се со цел да биде поблизок со својата сакана, која исто така студирала на блискиот колеџ.

Потоа еден ден Марк дојде кај Пени и раскина без објаснување! Пени била уништена до тој степен што го напуштила факултетот и долго време имала проблеми со менталното здравје. Во годините што следат, таа се омажила и се разведувала двапати, но никогаш не престанала да размислува за Марк.

39 години по раскинувањето, Марк ја побарал Пени на Фејсбук и ѝ пратил порака, а наскоро разговарале, исто како никогаш да не биле разделени. Тој открил и дека бил оженет и разведен, а потоа решил да и признае на Пени зошто ја оставил пред четири децении, пренесува порталот „InspireMore“.

Причината за раскинот бил таткото на Пени. Тој не ја одобрувал оваа врска затоа што Марк е црнец и тој постојано се обидувал да го натера да ја остави неговата ќерка. На крајот го посетил на универзитетот, го извлекол од предавањето и му се заканил дека ќе направи се за да му се укине стипендијата ако не ја напушти Пени.

Не можев да сторам ништо. Бев илјадници километри далеку од дома, сам во странска земја. Бев целосно зависен од мојата стипендија. Морав да ја донесам најтешката одлука во мојот живот и морав да ја донесам сам. Срцето ми беше скршено , рече Марк.

Меѓутоа, години подоцна бил решен да ја пронајде љубовта од која побегнал. По 18 месеци телефонски контакт, поради пандемијата Ковид-19, Пени конечно се сретнала со Марк.

Кога се сретнавме за прв пат, пуштив солза. Не можев да поверувам дека е во мојата земја, во моите раце. Имавме 39 изгубени години, но се радуваме на иднината која е пред нас, додаде тој.


Фото:Don of a New Age / Facebook