Пред 8 години, клекнав да ја запросам, и сè уште чекам моето колено целосно да се опорави: Дарко Илиевски ја слави љубовта со Ивана

Добивај вести на Viber

8 години љубов слават денес пејачот Дарко Илиевски и неговата сопруга Ивана.

По тој повод Дарко, на социјалните мрежи сподели фотографија од чинот на запросување и клекнување пред саканата со прстен, при што сподели и интересен момент.


Пред 8 години клекнав на едно колено за да запросам ... и сè уште чекам моето колено целосно да се опорави ... напиша пејачот кој веќе неколку години живее и твори во Америка.

На 6ти април Дарко и Ивана се остварија во улогата на родители по втор пат и добија ќерка на која ѝ го дадоа името Ана Ирена.



FOTO: Instagram printscreen