Пред да почне школската година, седнете со вашето дете и кажете му ги овие работи: Фејсбук статус за сите родители
Социјалните мрежи често се простор каде наоѓаме забава, издувен вентил, читаме по некој интересен совет, видео, рецепт.
Гледаме кој каде е, што прави, читаме вести и разни содржини. Секој што го интересира.
Деновиве, на две ипол недели пред почетокот на новата учебна година, на Фејсбук се споделува Фејсбук статус кој решивме да го споделиме со нашите читатели.
Прочитајте го, и споделете го и вие со вашите пријатели, деца...
„Училиштето ќе започне и сакам да побарам услуга... Седнете со вашето дете 5 минути и објаснете дека никогаш не постои причина да се исмевате со некого за неговата висина, тежина, боја на кожата, домашен живот или работи во кои уживаат.
Објаснете дека нема ништо лошо во тоа да носите исти чевли секој ден!
Објаснете им дека користениот ранец ги носи истите соништа како и новиот!
Научете ги да не исклучуваат никого затоа што се „различни“
Објаснете им дека задевањето боли и дека училиштето е за учење, а НЕ за да навредуваат или шират негативно!
Потсетете ги дека некои деца не одат дома кај семејствата кои ги сакаат, па затоа е важно да се биде љубезен. Сѐ почнува од дома!“ .
Фото: фрипик