Пред да се омажи, Тијана Дапчевиќ била кај гатачка: Што ѝ предвидела?

Добивај вести на Viber

Пејачката не ѝ поверувала

Пејачката Тијана Дапчевиќ, беше гостин во емисијата „Гранд магазин“, мулти-талентираната Тијана зборуваше за музиката и нејзината кариера, за „Преспав“, но откри и детали кои малку и се познати на публиката.

Имено, откри дека една година пред да го запознае сопругот Милан, таа се сретнала со гатачка во Македонија.

Тогаш, гатачката Ружа погледнала во шолјата и прецизно и предвидела сè што ќе и се случи во иднина.

- Г-ѓа Ружа погледна во мојата шолја и рече дека за една година ќе сретнам човек од странство и дека ќе се преселам. Таа исто така ми рече дека ќе се омажам, ќе имам едно дете и дека ќе бидам многу популарна во таа земја - рече Тијана во емисијата „Гранд магазин“.

View this post on Instagram

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic)


Пејачката, актерка и водителка Тијана, додаде дека во тоа време не ни помислувала дека ќе живее во странство, како и дека ја доживеала Србија како своја земја, со оглед на тоа што често останувала со бабите и дедовците во Црвенка.

На крајот, таа додаде дека и покрај фактот дека „пророштвото“ се оствари, таа сè уште не верува во овие работи.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Тијана Дапчевиќ ја обнови првата тетоважа: Татко ѝ се обидувал да ѝ ја извади со вода