,

Пред седум недели родив ќерка и многу сум лута и љубоморна: Од нејзиниот прв ден, и моето и неговото семејство повторуваат само едно

Дали сум неразумна затоа што сум толку лута и љубоморна?, прашува оваа мама.

На форумот „Mamsnet“, една анонимна мајка, веројатно од Англија, го постави следното прашање - дали сум премногу неразумна затоа што сум љубоморна и лута? А, проблемот е во ова:

- Многу сум лута, затоа што сум толку лута за следната ситуација. Неодамна се породив за прв пат, имам ќерка стара седум недели. Таа е иста како мојот сопруг. Секој го вели тоа од првиот ден - и неговото и моето семејство. И, кога споделам фотографија од неана социјалните мрежи, следи лавина од коментари дека е иста татко ѝ.

Како прво, не сакам ќерка ми да изгледа како 40-годишен маж. Второ, јас сум љубоморна затоа што таа воопшто не личи на мене. Јас ја направив и вложив толку многу напор и маки за нејзиниот живот и сега поминувам 90 проценти од моето време со неа и не гледам ниту тронка од себе во неа. Сè е тој. Да биде работата уште полоша, мојот партнер навистина не ја сака улогата на татко и сега давам се‘ од себе да му помогнам да се прилагоди, иако ми се чини дека тој навистина не ја сака својата ќерка. Сè на сè, ситуацијата воопшто не е фер.

Постојано се потсетувам дека треба да бидам благодарна затоа што имам здрава ќерка и дека она што ме загрижува е навистина неважно. Сепак, тоа сепак ми пречи. Дали сум неразумна? прашува оваа мајка.

Додека некои мајки и велат дека нема причина за љубомора, има и такви кои го делат нејзиното мислење.

- Имав многу тежок пораѓај , од кој едвај се опоравив. Детето личи на таткоси  и тоа ме исполнува со гнев - вели една мајка.

- Првите денови со бебето се многу тешки и воопшто не се забавни, па нормално е да се занимавате со неважни работи, ќе помине - и пишува друга мајка.

- Не грижи се за тоа. Тие коментари се досадни, но како што расте девојчето, ќе ги има и од двајцата родители помалку. Кога девојчето ќе започне да прави фаци и ќе ги усвои вашите изрази на лицето, таа ќе личи на вас - и велат.


Можеби ќе ве интересира: